- Раскажи ни нешто повеќе за себе, кој е Анде покрај пишувањето, со што се занимаваш, кое е твоето хоби?
Анде е дипломиран економист по професија, кој работи во приватниот сектор повеќе од десет години. Покрај пишувањето, кое го сметам за втора професија (со надеж дека наскоро ќе стане прва), во слободно време сакам да патувам, веслам СУП даска и останати активности заедно со мојата сопруга.
- Кои се почетоците на твоето пишување, кога почна да пишуваш?
Почнав да пишувам кратки раскази во моите тинејџерски години. Иако креативен, никогаш не претпоставував дека ќе дојде време еден ден пишувањето книги да ми биде една од најголемите љубови во животот.
- Кој е твојот пристап кон пишувањето, дали имаш специфична рутина или ритуал кој ти помага при пишувањето?
Земајќи го предвид фактот што и јас, како и сите други автори во Македонија, покрај пишувањето имаме и друга професија, најтешкиот дел од пишувањето е наоѓањето слободно време за да се продолжи со творење. Веќе кога ќе најдам време, пристапот ми е горе-долу ист за секоја книга: правење првичен план позади идејата за книгата, скелет на дејството на книгата со главните содржински точки, како и најважната работа при создавањето на една приказна: поврзување на содржината на книгата со пораката или идејата позади самиот роман.
Прочитајте го целото интервју на Антолог Боокс.








