Здраво, ние сме Ивана и Милена од книжевната група Книжевна терапија и, иако ретко се сложуваме со вкусот на книги, овој пат ни е огромно задоволство што токму ние две ја имавме честа да бидеме првите читатели за најновото дело на Анде Д. Јанков – „Само Бог простува“. Уште на почетокот да кажеме дека нема да бидеме пристрасни со оглед на тоа дека Анде ни е пријател и еден од нашите омилени автори, но едногласно ќе ви кажеме дека „Само Бог простува“ е must-read четиво. За чудо, едногласни сме и за уште една работа – иако сме на почетокот на годината, сметаме дека кога се работи за македонски автори и за трилери, ова дело неприкосновено ќе стои на врвот како трилер на годината во оваа категорија. Двете со нетрпение чекавме да видиме дали во овој дел инспекторот Виктор и Сандра конечно ќе се смират, а дали се смирија… ќе откриете сами.







