Само Бог простува – Официјална промоција (25.05.2022) – Велес

Во градска пивница Паб од Велес заедно со издавачката куќа Антолог, беше промовирана најновата трилер книга ,,Само бог простува” на Анде Јанков. Тоа е негово четврто дело.

Промотор на настанот беше охридскиот писател, авторот Јордан Коцевски.

Ова е трет роман во серијалот за Виктор Николов, кој за кратко време стана еден од најчитаните серијали на нашиот пазар.