ВИДЕО ИНТЕРВЈУ | Јанков: Со моите книги сакам да направам премостување од комерцијалните романи – Слободен печат

„Кобајаши Мару“ од авторот Анде Јанков е избрана за книга на годината 2024 од „Антолог“. Се работи за најновото дело од Јанков или како што вели авторот, средината од неговиот крими-серијал во кој главна улога има инспекторот Виктор Николов.

– „Кобајаши Мару“ е четрвртиот дел од крими – сериојалот или би рекол дека сме на средината од серијалот кој е предвиден да има осум дела. Ова е моја петта книга. На некој начин сум пријатно изненаден за наградата, со оглед на тоа дека беше во конкуренција со „Злосторство и казна“ на Достоевски. Верувам дека како последно мое дело оваа е и досега најдоброто од мене – рече Јанков за „Слободен печат“.

Тој смета дека читателската публика го забелжува неговото созревање од роман во роман.

– Верувам дека во моето десегодишно творење и читателите го забележуваат напредокот во моето пишување. Забележувам дека со вметнување на некои нови некарактеристични техники за жанрот придобиам и нова повозрасна публика, но и дека успавам да ги задржам претходните. Целта на мојата литература е да се раскаже поучна приказна иако не само кај нас, туку и во светски рамки тоа не го повзруваат со трилер и криминалистичкиот жанр. Не знам дали сум таков човек или од тоа што учам од современите автори, но сметам дека тоа не е правило и дека не мора така да биде, затоа и со моите книги се обидувам да направам едно премостување од комерцијалната литература, помалку серизона и среќен сум што во рецензиите коишто ги добивам тој момент е забележан – вели Јанков.

Авторот ексклузивно за „Слободен печат“ го открива името на неговото следно дело „Мементо мори “. Тоа ќе биде следниот дел од крими-серијалот, се очекува да излезе во мај.

Извор: https://www.slobodenpecat.mk/videointervju-jankov-so-moite-knigi-sakam-da-napravam-premostuvanje-od-komercijalnite-romani/