Впечатоци од прекрасната промоција во @kafe_knizarnica_art во Штип. Благодарност до промоторките @vikis_readinglist и @b00kish_adventures за пријатниот разговор, на книжарницата за организацијата и секако на топлиот пречек од страна на штипската публика. ![]()
#bookpromotion#booklovers#scriboergosum
Memento Mori е фраза што одекнува низ секој ред на романот, како шепот што расте во крик. Мисла што не исчезнува. Роман што ќе ве натера да се соочите со најдлабоките сенки на човечката свест. Ова е роман за совеста, за тежината на вистината и за неизбежноста на смртта. За внатрешните рани кои секој од нас ги носи и вечната битка помеѓу разумот и емоциите. Но, и за тоа дека понекогаш несвесно стануваме жртви со нашите постапки кои навидум безопасни – претставуваат закана. Memento Mori е тивка, но силна лекција дека покрај сите животни предизвици – најтежок е оној кога одлучуваш да продолжиш понатаму дури и кога се’ во тебе се распаѓа. Роман за моментот кога престануваш да бегаш од себе.

























