Месец ноември го започнуваме со убави вести. Четири години после излегувањето на македонски, романот “Виенски гамбит” си доби и превод на бугарски јазик.
Благодарение на Пламен Тотев, романот од понеделник ќе може да се најде и на полиците на издавачката куќа Персеј. Преводот е на Маријан Петров, дизајн на корица Стефан Тотев.
Се радувам на можноста бугарската публика да се запознае со приказната за Виктор Николов. Сичко хубаво!