Промоција на македонската книжевност е една и од главните цели на учеството на македонските издавачи на најголемиот светски саем на книга кој овие денови се одржува во Франкфурт, Германија.
Сите национални книжевности имаат назначено ден кога ќе ги презентираат своите изданија, па така за 14. октомври е закажан и македонскиот ден каде покрај промоција на изданијата, закажана е и панел дискусија на тема „Предизвиците на патот кон меѓународна афирмација на книжевност од малите јазици“ во организација на Македонската асоцијација на издавачи.
За напорите на издавачките компании и авторите во освојување на меѓународната книжевна сцена од учесниците од Македонија говореа Лидија Димкова, еден од најпреведуваните македонски автори и добитник на повеќе награди меѓу кои и Европската награда за литература во 2013 и Дарко Фидановски од МАИ.
Саемот на книгата во Франкфурт е најголемиот саем на меѓународната издавачката индустрија со 7.300 излагачи од повеќе од 100 земји, околу 275.000 посетители, има повеќе од 4.000 настани и околу 10.000 акредитирани новинари, вклучувајќи и 2.000 блогери. На овогодинешниов саем, почесен гостин е Франција.