Address
304 North Cardinal St.
Dorchester Center, MA 02124
Work Hours
Monday to Friday: 7AM - 7PM
Weekend: 10AM - 5PM
Address
304 North Cardinal St.
Dorchester Center, MA 02124
Work Hours
Monday to Friday: 7AM - 7PM
Weekend: 10AM - 5PM
Лекција 1 – Вовед
Пред да почнете со пишување на крими роман, паметно е да се запрашате од кои елементи се состои една крими приказна. Литературните познавачи на овој жанр се согласни дека, во принцип, постојат 5 непишани правила при пишување на крими роман:
Почнете со тоа што ќе напишете кратко резиме
Доколку не сте искусен писател, тогаш е препорачливо е пред да почнете со пишувањето на романот да напишете кратко резиме. Тоа ќе биде краток текст од неколку страници, во кој накратко ќе биде опишана приказната и карактерите во романот. Краткото резиме треба да може да одговори на следниве прашања:
Вежби
Лекција 2 – Скелет
Откако ги создадовте основите (карактери, убиец, мотив и околности) сега следува потешкиот дел од работата – да ја создадете приказната. Има неколку начини на кои може да се постигне тоа.
Создадете возбуда
Постојат неколку начини на кои што можете да го направите тоа:
Сменете ја надворешната околина
Дејството на приказната не мора да се одвива само на едно место. Колку поразлични места претставите во романот толку подобро.
Сменете ја внатрешната околина
Внатрешната околина е се она што е во нас самите, мислите, карактерот, идеите и слично. Внатрешната околина варира зависно од перспективата на различните карактери која читателот ја следи.
Имајте повеќе осомничени
Обидете се да создадете што е можно повеќе ликови кои што имаат мотив за да го извршат убиството, но само една личност има дефинитивен мотив за да го направи тоа.
Создадете лажни траги
Еден начин да го сторите тоа е да има еден карактер кој е на на прв поглед сосема невин во однос на останатите. Читателот ќе внимава на тој карактер повеќе од останатите токму поради тоа. Друг начин е некој од карактерите да крие некаква тајна, со што повторно читателот ќе помисли дека тој е виновникот, иако можеби тој крие нешто што е целосно неповрзано со стореното дело.
Користете cliffhangers
Cliffhangers се едни од најчесто користените алатки за креирање на возбуда и неизвесност. Речиси секогаш се користат при крајот на некое поглавје, каде главниот или некој спореден карактер е во опасност, но исходот од настанатата ситуација е прикажан дури во наредното или понаредното поглавје.
Лекција 3 – Карактери
Постојат доста различни начини за да ги опишете Вашите карактери. На пример, според возраст, пол, професија, интереси, дијалект, тон на гласот, изглед, манири и слично. Во секој случај, правете го тоа постепено наместо според сите карактеристики одеднаш. На тој начин ќе им дозволите и на самите читатели да ја пуштат својата имагинација да работи.
За карактерите да бидат веродостојни, природни и живи, додека ги создавате треба да размислувате како истите тие би реагирале во различни ситуации, со што понатаму ќе стекнете една постојаност во нивното опишување.
Вежби
Лекција 4 – Дијалог
Откако ги креиравте карактерите. Но, не може само да ги пуштите да лутаат наоколу по потреба на приказната. Треба да создадете дијалог помеѓу нив.
Добро конструиран дијалог треба на читателите да им даде јасна слика за засегнатите карактери во книгата, но и истовремено да ја бутка приказната напред. Лошо конструиран дијалог може да предизвика читателите да го загубат интересот додека ја читаат книгата. Пишаниот дијалог е уметност која што може да се извежба.
Лекција 5 – Средина
Освен дијалогот, друга работа која што романите ги прави побогати е средината во која се одвива дејството. Истата му дава живост на романот, па подобро е да се потрудите малку повеќе околу неа.
Одберете средина која што ја знаете добро. Доколку не сте биле на некое место, подобро е прво да го посетите доколку сакате да го опишете. Ако не сте посетиле одредена локација, без разлика колку и да сте истражувале за истата, кога ќе ја опишувате ќе се забележи дека недостасува одредена свежина во описот, која би била присутна доколку пишувате за место кое веќе сте го посетиле.
Средината не е само место
Климатските промени се исто така моќно средство кое помага за креирање на средина. Искористете го паметно. На пример, доколку главниот протагонист во книгата во некој момент е во одредена емоционална состојба, секогаш е подобро временските прилики да го следат истиот тренд. Па така, ако ликот е несреќен или има некакви емоционални проблеми, искористете го времето за да креирате поголем драматичен ефект. Истото важи и во спротивниот случај.
Лекција 6 – Главен лик
За крај на овој водич, ја имаме можеби најинтересната лекција, создавањето на протагонистот на Вашиот роман / серијал книги. Главниот лик влијае на тонот на книгата па затоа треба да посветите доста време за истиот да го создадете.
Одлучете се за каков лик ќе станува збор, дали е тоа обичен цивил или полициски офицер. Доколку се работи за полицаец, ќе биде полесно да го развиете дејството затоа што истиот ќе има пристап до сцените со злосторство. Доколку е обичен цивил пак, имате шанса на крими жанрот да му дадете нова димензија и одредена свежина со тоа што ќе отскокнува од стандардните норми на овој жанр.