Книжевна резиденција во Загреб

Овие денови, писателот Анде Јанков ќе помине две седмици на книжевен престој во Загреб. На покана на Друштвото на преведувачи на Хрватска, тој таму ќе работи на својот шести роман, а петти дел од серијалот за Виктор Николов, а во меѓувреме ќе оствари средба со повеќе хрватски издавачи и агенти, како и со љубителите на книжевност од македонската дијаспора од Загреб и Осијек.