Жешкото културно лето го започнавме со гостување во локалната библиотека “Гоце Делчев”. Со учениците од велешкиот клуб на читатели го дискутиравме романот “Едно лето на Крит”. Позитивно изненаден од читателската младина, некои од нив покажаа подготвеност и за читање на серијалот, а богами и талент за пишување. Благодарност до библиотеката за можноста да се зборува за пораките позади книгата и пофалба за идејата за читателскиот клуб!