Романот “Едно лето на Крит” е меѓу овогодинешните кандидати за престижната награда Роман на годината која Утрински Весник годинава ја доделува по 18 пат.
После успешниот настап на овој роман-првенец пред македонската публика, чиј прв тираж е речиси распродаден, доаѓа и неговото номинирање како еден од многуте романи кои конкурираат за оваа престижна награда.
Конкурсот за престижната книжевна награда „Роман на годината“ на „Утрински весник“ за 2016 година за романи напишани на македонски јазик редакцијата го отвори на 15 декември и ќе трае до 15 јануари 2017 година. Пропозициите се исти како и лани кога конкурираа 39 дела од автори од земјава од различни генерации, со различна творечка кариера.