Деновиве писателот Анде Јанков се врати од полумесечна резиденција во Загреб, Хрватска. Впечатоците и резултатите од престојот на покана на Друштвото на преведувачи од Хрватска се повеќе од охрабрувачки.
По приемот во македонската амбасада во Загреб, писателот оствари средба со македонската дијаспора во Осијек, и го посети регионалниот Панонски фестивал на книгата.
Следно, Јанков оствари средба со поголем број на издавачи и преведувачи кои досега работеле на издавање на македонска литература на хрватски јазик. Исто така, писателот одржа и едно предавање како гостин-писател на Филозофскиот факултет во Загреб, на покана на Ивица Баковиќ, редовен професор по јужнословенски јазици на факултетот.
Работната посета на Загреб се заврши со посета на Хрватскиот народен театар, кој е дел од дејството на наредниот роман на кој што работи Јанков.