Виенски Гамбит – Официјална промоција (30.10.2020) – Велес

Во Ликовниот салон во Велес заедно со Локална библиотека „Гоце Делчев“, беше промовирана најновата трилер книга ,,Виенски Гамбит” на Анде Јанков. Тоа е негово второ дело.

Настанот беше организиран од страна на Антолог – Книжевен центар, а промотер беше авторот Денис Бојаров.

„Виенски Гамбит“ е вториот роман на Анде Јанков, во издание на издавачката куќа „Антолог“ кој ги поместува границите на интригантноста. Возбудлив трилер што ќе ве држи во неизвесност до самиот крај.

Во согласност со препораките за организација на вакви настани, беа испочитувани сите мерки за држење растојание, носење маски и дезинфекција.

За делото:
Виктор Николов е 33-годишен инспектор на Одделението за крвни деликти од Скопје. За време на својот летен одмор, заминува за Виена во посета кај својот помлад брат Даниел, пропаднат писател што одвај преживува работејќи како бармен во еден елитен ноќен клуб.
Додека ја истражува неодоливата Виена, Виктор ја запознава Карен Фишер, Австријката со која истата вечер завршува во кревет.
Но прекрасната ноќ се претвора во кошмарно утро. Девојката на Даниел е пронајдена мртва, а тој нема алиби. На површина излегуваат неодамнешните расправии меѓу нив и ситуацијата се заплеткува во неочекуван правец.
Може ли да му се верува на сопствениот брат, кој тврди дека е невин? И како да се повлече граница помеѓу, кога главниот истражител што го гони твојот брат е жената со која си спиел пред неколку вечери?

Летото прва официјална промоција книгата доживеа и во Скопје, за истото може да прочитате повеќе на овој линк.

За сите кои не ја изгледа првата премиерна онлајн промоција можете да ја изгледате на следново видео.