Виктор Николов е во неговите рани триесетти години. Роден е во Скопје. Разведен е од поранешната сопруга Сандра, со која ја има ќерката Теона. Живее на улица Варшавска, во населба Тафталиџе. Син на на Томе и Андреа, повозрасен брат на Даниел.
ФИЗИЧКИ ИЗГЛЕД
Висок е 1.88 цм, широки гради и рамена. Кратко потшишана руса коса, со залистоци од двете страни. Рамно и високо чело, шилест нос, зелени очи и тесни усни. Разигран и длабок поглед. Пати од мигрена, која често пати му задава силни главоболки.
КАРИЕРА
Дипломец на Полициската Академија во Скопје, кој моментално работи како главен инспектор на Одделот за крвни и сексуални деликти во МВР. Добиена пофалница од австриското МВР за неговата соработка со нивната служба за сериозен криминал.
ИНТЕРЕСИ
Музика: Широк спектар на музички стилови, претежно рок и џез. Омилен албум: Back in Black. Омилен бенд: Iron Maiden. Филм: Омилен жанр – крими драма, омилен актер Ал Пачино / Робин Вилијамс. Еден од ретките кој што смета дека The Shawshank Redemption е потпросечен филм. Омилен филм: Duel (1971). Спорт: Пливање и теретана, повремено играње на баскет со оние неколку познаници кои ги смета за пријатели.
РЕФЕРЕНЦИ
Андон Иванов: Началникот на Одделот каде што работи Виктор. Строг и авторитативен колега, кој е подготвен за заминување во пензија. Благој Славков: Поранешен ракометен голман, а сега сопственик на центар за психолошко советување. Во доцните педесетти години, најдобар пријател на Виктор. Сузана Манасиева: Колешка од Одделот, виш инспектор, задолжена за форензика. Разведена, и без деца. Даниел Николов: Помлад брат на Виктор, успешен писател во Македонија, чии крими романи се базирани делумно на животот на неговиот повозрасен брат.
Крими серијал
,,ВИКТОР НИКОЛОВ"
Интригантен, тензичен и непредвидлив крими серијал, кој ве држи во недоумица до последната страница.