Крими серијал

,,ВИКТОР НИКОЛОВ"

Интригантен, тензичен и непредвидлив крими серијал, кој ве држи во недоумица до последната страница.

#1 ВИЕНСКИ ГАМБИТ

„Виенски Гамбит“ е вториот роман на Анде Јанков, во издание на издавачката куќа „Антолог“ кој ги поместува границите на интригантноста. Возбудлив трилер што ќе ве држи во неизвесност до самиот крај. Прв дел од серијалот ,,Виктор Николов", кој излезе во печат 2020 година.

Виктор Николов е 33-годишен инспектор на Одделението за крвни деликти од Скопје. За време на својот летен одмор, заминува за Виена во посета кај својот помлад брат Даниел, пропаднат писател што одвај преживува работејќи како бармен во еден елитен ноќен клуб. Додека ја истражува неодоливата Виена, Виктор ја запознава Карен Фишер, Австријката со која истата вечер завршува во кревет. Но прекрасната ноќ се претвора во кошмарно утро. Девојката на Даниел е пронајдена мртва, а тој нема алиби. На површина излегуваат неодамнешните расправии меѓу нив и ситуацијата се заплеткува во неочекуван правец. Може ли да му се верува на сопствениот брат, кој тврди дека е невин? И како да се повлече граница помеѓу кога главниот истражител што го гони твојот брат е жената со која си спиел пред неколку вечери?

#2 СИГУРЕН РИЗИК

Втор дел од крими-серијалот за полицискиот инспектор Виктор Николов, во издание на издавачката куќа ”Антолог”. Продолжение на приказната од серијалот, кое излегува во печат во 2021 година, и конкурира за Роман на годината и е едно од водечките крими романи во 2021 година.

Две години по своето враќање од Виена, полицискиот инспектор Виктор Николов живее мирен живот во Скопје и сè повеќе се зближува со својата деветгодишна ќерка, Теона. Мирната есенска идила е нарушена едно септемвриско утро кога телото на дваесет и деветгодишната новинарка Драгана Несторовска е пронајдено во багажникот од нејзиниот автомобил. Причината за смртта е недостиг на воздух, како резултат на давење. Виктор е под притисок што побргу да го разреши случајот додека на површина излегуваат сомнителни детали од минатото на новинарката, како и одреден број на осомничени што би можеле да имаат мотив за нејзиното убиство. Меѓу нив се и наркоманот од непосредното соседство, нејзината најдобра пријателка и повремена љубовница, но и кандидатот за претседател на претстојните претседателски избори…

#3 САМО БОГ ПРОСТУВА

Трет дел од серијалот за Виктор Николов, каде што тој заедно со колегите од одделот е соочен со свиреп сериски убиец, Одмазникот, и кој позади себе не остава никакви траги, освен мистериозната порака најдена на местата каде што напаѓа.

Две години по своето враќање од Виена, полицискиот инспектор Виктор Николов живее мирен живот во Скопје и сè повеќе се зближува со својата деветгодишна ќерка, Теона. Мирната есенска идила е нарушена едно септемвриско утро кога телото на дваесет и деветгодишната новинарка Драгана Несторовска е пронајдено во багажникот од нејзиниот автомобил. Причината за смртта е недостиг на воздух, како резултат на давење. Виктор е под притисок што побргу да го разреши случајот додека на површина излегуваат сомнителни детали од минатото на новинарката, како и одреден број на осомничени што би можеле да имаат мотив за нејзиното убиство. Меѓу нив се и наркоманот од непосредното соседство, нејзината најдобра пријателка и повремена љубовница, но и кандидатот за претседател на претстојните претседателски избори…

#4 KOBAYASHI MARU

Четвртиот дел од серијалот, во кој што Виктор Николов се соочува со најтешкиот случај: целта да остане жив, додека се обидува да ги спаси своите најблиски од непосредна опасност. Датум на излегување во продажба 18 Април 2024.

КАРАКТЕР

ЛИЧНИ ДЕТАЛИ

Виктор Николов е во неговите рани триесетти години. Роден е во Скопје. Разведен е од поранешната сопруга Сандра, со која ја има ќерката Теона. Живее на улица Варшавска, во населба Тафталиџе. Син на на Томе и Андреа, повозрасен брат на Даниел.

ФИЗИЧКИ ИЗГЛЕД

Висок е 1.88 цм, широки гради и рамена. Кратко потшишана руса коса, со залистоци од двете страни. Рамно и високо чело, шилест нос, зелени очи и тесни усни. Разигран и длабок поглед. Пати од мигрена, која често пати му задава силни главоболки.

КАРИЕРА

Дипломец на Полициската Академија во Скопје, кој моментално работи како главен инспектор на Одделот за крвни и сексуални деликти во МВР. Добиена пофалница од австриското МВР за неговата соработка со нивната служба за сериозен криминал.

ИНТЕРЕСИ

Музика: Широк спектар на музички стилови, претежно рок и џез.
Омилен албум: Back in Black.
Омилен бенд: Iron Maiden.
Филм: Омилен жанр – крими драма, омилен актер Ал Пачино / Робин Вилијамс. Еден од ретките кој што смета дека The Shawshank Redemption е потпросечен филм.
Омилен филм: Duel (1971).
Спорт: Пливање и теретана, повремено играње на баскет со оние неколку познаници кои ги смета за пријатели.

РЕФЕРЕНЦИ

Андон Иванов: Началникот на Одделот каде што работи Виктор. Строг и авторитативен колега, кој е подготвен за заминување во пензија.
Благој Славков: Поранешен ракометен голман, а сега сопственик на центар за психолошко советување. Во доцните педесетти години, најдобар пријател на Виктор.
Сузана Манасиева: Колешка од Одделот, виш инспектор, задолжена за форензика. Разведена, и без деца.
Даниел Николов: Помлад брат на Виктор, успешен писател во Македонија, чии крими романи се базирани делумно на животот на неговиот повозрасен брат.

Крими серијал

,,ВИКТОР НИКОЛОВ"

Интригантен, тензичен и непредвидлив крими серијал, кој ве држи во недоумица до последната страница.