Писател, предавач и сценарист

АНДЕ ЈАНКОВ

Водечки крими автор помеѓу плејадата на современи македонски писатели од домашната книжевна сцена.

Книги

КРИМИ РОМАНИ

ЕДНО ЛЕТО НА КРИТ

„Едно лето на Крит“ е првиот роман на Анде Јанков, во издание на издавачката куќа „Антолог“. Добитник е на наградата „Романијада“ за 2015 година. Во 2022 година го доживува своето трето издание, и е една од најпродаваните и најбараните книги на Антолог во 2022.

ВИЕНСКИ ГАМБИТ

„Виенски Гамбит“ е вториот роман на Анде Јанков, во издание на издавачката куќа „Антолог“ кој ги поместува границите на интригантноста. Возбудлив трилер што ќе ве држи во неизвесност до самиот крај. Прв дел од серијалот ,,Виктор Николов", кој излезе во печат 2020 година.

СИГУРЕН РИЗИК

Втор дел од крими-серијалот за полицискиот инспектор Виктор Николов, во издание на издавачката куќа ”Антолог”. Продолжение на приказната од серијалот, кое излегува во печат во 2021 година, и конкурира за Роман на годината и е едно од водечките крими романи во 2021 година.

САМО БОГ ПРОСТУВА

Трет дел од серијалот за Виктор Николов, каде што тој заедно со колегите од одделот е соочен со свиреп сериски убиец, Одмазникот, и кој позади себе не остава никакви траги, освен мистериозната порака најдена на местата каде што напаѓа.

Анде Јанков

ЗА АВТОРОТ

Роден во престапната 1988 година, (година на првиот компјутерски вирус и година кога фудбалската репрезентација на Холандија за последен пат освојува еден голем интернационален турнир – Европското првенство ’88), уште откако се сеќава за себе покажува интерес за пишаниот збор.

Голем дел од слободното време го поминува читајќи книги од домашната библиотека, со што и се рaѓа неговата љубов кон книжевноста. Средното образование го завршува во гимназијата „Кочо Рацин” во Велес во 2007 година, по што образованието го продолжува на универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје. За време на неговите студии прв пат почнува да пишува кратки раскази.

Во јули 2014 година, му се пружа можност да помине две седмици на грчкиот остров Крит, во прекрасниот град Хања. каде и ја добива инспирацијата за да почне да го пишува својот прв роман. Во септември 2015, романот „Едно лето на Крит” го освојува првото место на конкурсот „Романијада” во организација на издавачката куќа „Култура”. Наредната година, 2016 (повторно престапна) во февруари, „Едно лето на Крит” ја доживува својата промоција, а првичните реакции на читателите се повеќе од охрабрувачки.

Во 2020 година, го издава својот втор роман, Виенски Гамбит во издание на издавачката куќа Антолог, кој е прв дел од понатамошниот серијал за полицискиот инспектор Виктор Николов. Живее и работи на релација Скопје – Велес.

Книжевни разговори со Анде

Во соработка со продукција Златен Заб, Водител на буккастот Книжевни разговори со Анде - трета сезона.

За пишување романи

Проследете го водичот за пишување крими романи, со кој сите Вие, кои сте заинтересирани да навлезете во водите на еден од најтешките жанрови, ќе можете да ги дознаете правилата и принципите според кои се водат најголемиот број од крими писателите денес.

Крими серијал

,,ВИКТОР НИКОЛОВ"

Интригантен, тензичен и непредвидлив крими серијал, кој ве држи во недоумица до последната страница.

Young adult

ЕДНО ЛЕТО НА КРИТ

Виктор и Марина се млад пар од Скопје кои решаваат својот летен одмор годинава да го поминат на островот Крит, на гости кај тетката на Марина, Елена. Договорот со неа е таа да ги пречека на автобуската станица во Ханија, каде што тие пристигнуваат откако слетуваат со авион на островот.

Додека двајцата чекаат Елена да пристигне, Филип предизвикува мала кавга, по што на момент ја остава Марина сама надвор сред автобуската станица, а тој влегува внатре во станичната зграда. Неколку минути подоцна, Филип се враќа надвор, а од Марина нема ни трага ни глас. Уште полошо, ниту нејзината тетка не се појавува да ги пречека. Во тој момент, Филип почнува мртва трка со времето, а денот кој што следува му го променува целиот живот.

Play Video

Гостување во ,,Слободен Печат” – (23.01.2023)

Play Video

Гостување во ,,Неделен Микс” – (21.01.2023)

Play Video

Гостување во ,,Мирисот на Книгата” – (14.01.2023)

Play Video

Гостување во ,,Здраво Македонијо” – (06.04.2022)

Play Video

Прилог во ,,Македонија Наутро” – (08.04.2022)

Play Video

Гостување во ,,Утринска на Алфа ТВ” – (14.04.2022)

Play Video

Гостување во ,,Здраво Македонијо” – (11.02.2022)

Play Video

Гостување во ,,Утринска на Телма” – (14.01.2022)

Play Video

Гостување во ,,Урбан Таг” – (15.05.2020)

Play Video

Официјална онлајн промоција ,,Виенски Гамбит” – (24.04.2020)

Play Video

Гостување во „90 Минути на ТВ Телма” (23.04.2020)

Книжевни разговори со Анде

БУККАСТ

Буккастот (Bookcast) Книжевни разговори со Анде, е замислен како неделна подкаст емисија, во која ќе слушнете мои интервјуа спроведени со еминентни но и нови писатели, книжевни работници, издавачи и љубители на книжевниот збор, со цел да продолжиме со активности помеѓу нашата читателска публика во времиња во кои повеќето настани од разбирливи причини се префрлуваат online.

0
издадени тиражи
0 +
продадени книги
0
буккаст сезони
0
домашни автори

Што рекоа читателите

ИМПРЕСИИ

"Среќа е да се биде дел од инспирацијата за овој роман да живее. Секоја книга со посвета е повредна книга."
Росана Стаменкова
за Едно лето на Крит
"Браво, супер е романот, многу ми се допадна. Сега очекуваме уште многу книги."
Ивана Митиќ
за Едно лето на Крит
"Браво, книгава многу ми се допадна. Навистина се чита во еден здив. Само така продолжи да читаме уште многу вакви убави романи."
Марија Ѓорѓиева
за Едно лето на Крит
„Преплет од исклучително возбудлива авантура, со силна доза на трилер, кон која се придодава нишка на романса. Секоја страница прилега на еден единствен здив затоа што толку време ви е потребно да ја голтнете.“
Игор Крајчев
за Едно лето на Крит
„Возбудлив и врвен криминалистички трилер, со незаборавен протагонист и неуморна полициска екипа, која успева да внесе свежина во жанрот. Бомбастична и заводлива приказна, која од улиците на Виена ќе ве врати назад во Скопје, за на крајот да ги изненади дури и најпроникливите читатели.“
Денис Бојаров
за Сигурен Ризик

Интервју со издавачката куќа Антолог

,,Единствено трилерот ја нуди шансата да ги измамиш читателите"

На современата македонска книжевна сцена те препознаваат како еден од ретките автори на трилери. Кој е предизвикот да се пишува овој жанр, кој генерално не е толку популарен кај домашните автори, и ќе прочитаме ли некогаш нешто поинакво од тебе?